Search
Домот на Бред Пит завиен во црно: Актерот скршен поради смртта на мајка му
- Aleksandar Santovski
- 4 days ago
- 1 min read
06.08.2025 Avgust Sreda
Бред Пит доживеа голема загуба – неговата мајка почина денес на 84-годишна возраст.Како што пренесуваат странските медиуми, веста дека актерот ја загубил мајка си стана позната преку емотивна објава на еден член од семејството на Инстаграм.
Џејн Ета Пит била столб на семејството. Таа била таа што ги држела сите на купче и организирала голема семејна прослава пред пет години. По професија била семеен советник и најчесто се држела подалеку од рефлекторите, но повремено се појавувала на црвениот тепих заедно со својот син Бред и сопругот Вилијам.
Незиниот мирен живот и посветеност на семејството останале нејзин заштитен знак. Тие што ја познавале велат дека била срдачна, верна и секогаш подготвена да помогне.

Comments