Доминација на македонските каратисти
На меѓународниот карате-турнир „Скопје куп 13 Ноември“, кој се одржа во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје, во конкуренција на околу 500 натпреварувачи од 17 држави, најуспешни беа македонските каратисти, кои освоија вкупно 52 медали од кои по 19 златни и бронзени и 14 сребрени.
Од македонските каратисти во категоријата деца (12-13 години) со злато се закити Душица Бреслиева (до 47 кг). Во категоријата кадети први места освоија Драгана Ефтимовска (до 54 кг), Цветан Маргаритов (до 52 кг). Кај јуниорите најуспешни беа Јована Мицовска (до 59 кг), Мила Панчева (над 59 кг), Недим Шаќири (до 61 кг), Љупче Михајлов (до 68 кг), Димитар Лозановски (до 76 кг), Андреј Басаров (над 76 кг). Во категоријата јуниори до 21 година, славеа Викторија Јовановска (до 61 кг), Витомир Трајковски (до 84 кг), Бериз Куртановиќ (над 84 кг).
Кај сениорите, пак, највисоко на пиедесталот застанаа Марија Петровска (до 55 кг), Викторија Јовановска (до 61 кг), Ангела Мојсовска (до 68 кг), Петар Заборски (до 75 кг), Витомир Трајковски (до 84 кг), Глигор Петков (над 84 кг), а во категоријата ветерани (над 40 години), златото го освои Благојчо Арсов (над 75 кг). Г.И.
Comments