Search
Домашни изведувачи ќе настапат на пречекот на Новата година во Скопје
Со настап на домашни музички изведувачи, граѓаните на плоштадот Македонија ќе може да ја пречекаат Новата 2022 година, информираат од Град Скопје. „Три општествено одговорни компании се охрабрија во време на економска и енергетска криза да придонесат за организацијата за свечениот дпречек на Новата година“, се наведува во соопштението на градските власти, кои денеска ја објавија новогодишната програма за 31 декември: 21 – 22 ч – „Пука козметика“ 22.10 – 23.10 ч – ДНК 23.20 – 00.20 ч – „Нокаут“ 00.30 – 1 ч – Наум Петрески и Зуица Лазова 1 – 1.30 – ДЈ Славе
Comments