top of page

Доли Партон ја одби номинацијата за Куќата на славните

15.03.2022 Mart Vtornik

Доли Партон се откажа од трката за да биде примена во Куќата на славните на рокенролот. 76-годишната икона се огласи на социјалните мрежи за да соопшти дека со почит се повлекува од трката бидејќи смета дека не го заслужила тоа право. Во објава на „Инстаграм“ напиша: „Доли овде! Иако сум крајно поласкана и благодарна што сум номинирана за Куќата на славните на рокенролот, не чувствувам дека го заслужив тоа право. Навистина не сакам гласовите да се делат поради мене, затоа мора со почит да се повлечам“. Таа им посака среќа на другите кандидати – меѓу кои се и Еминем, Лајонел Ричи, „Рејџ агеинст д’машин“, Џудас Прист и Бек.


 
 
 

Comments


bottom of page