top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Доли Партон спие со шминка во случај на вонредна состојба среде ноќ

01.06.2021 Juni Vtornik

Славната музичарка откри дека не го чисти лицето пред да си легне затоа што не сака луѓето да ја гледаат без шминка доколку има итна ситуација што би ја принудила да го напушти својот дом. „Јас нанесувам шминка и ги правам сите ритуали за убавина, а го чистам лицето наутро. Обично се обидувам да ја одржувам или коригирам шминката навечер бидејќи никогаш не знам дали ќе има земјотрес или торнадо или бура и ќе мора да излезам среде ноќ!“ Во интервју за магазинот „Вол стрит журнал“ 75-годишната легенда на американската кантри-музика говореше и за својот режим на вежбање и откри дека секое утро прави „вежби за радост“ за да одржи физичка и ментална кондиција.


5 views

Comments


bottom of page