top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Доли Партон повеќе би сакала да умре на сцена отколку да се повлече од музиката

Доли Партон повеќе би сакала да умре на сцена додека пее отколку некогаш да се повлече од музиката. Иконата на кантри-музиката (77) вети дека ќе продолжи да работи до самиот крај сè додека таа и нејзиниот сопруг Карл Томас Дин (80) се во добро здравје. „Никогаш нема да се пензионирам. Се надевам дека некогаш ќе умрам среде песна на сцената, по можност песна што јас сум ја напишала. Се надевам дека ќе биде така бидејќи немаме многу избор во тоа“, рече таа неодамна во разговор со Кен Брус од „Грејтест хитс рејдио“. „Јас не сум од оние што само ќе седат и нема да прават ништо“, додаде таа. „Сè додека сум способна, ќе работам, додека моето здравје е добро и додека мојот сопруг е добро. Единствениот начин некогаш да забавам или застанам би бил поради таа причина. Но, во меѓувреме, ќе собирам сено додека грее сонцето“. Музичарката има издадено 65 студиски албуми од почетокот на својата кариера во доцните 60-ти. Во светот е позната по кантри-хитовите како „Џолин“ и „9 до 5“, но го смени жанрот со најновата плоча Rockstar. Кантри-иконата обработи голем број класици, како што е Let It Be од „Битлси“ со преживеаните членови Пол Макартни и Ринго Стар. Исто така, ја преработи и We Are the Champions на „Квин“. Доли дури и се здружи со кумашинката Мајли Сајрус (30) за да произведе рок-верзија на нејзиниот сингл Wrecking Ball од 2013 година за плоча. Откога се прослави во 1967 година, Партон се зацврсти како едно од најпознатите имиња во забавната индустрија и доминира во жанровите на кантри, поп и блуграс-музика. Таа исто така стана ѕвезда на големото платно со значајни улоги во „9 до 5“, „Челични магнолии“ и „Најдобрата мала јавна куќа во Тексас“ (1982) и продолжи да продуцира свои проекти во текот на годините.




1 view

コメント


bottom of page