Доли Партон негира дека ги осигурала градите: Тоа беше шега
27.01.2022 Januari Cetvrtok
Со 25 песни на врвот на кантри-листите на „Билборд“ и неверојатни 44 топ-10 албуми со кантри-песни, Доли Партон е меѓу најценетите изведувачи во својата ера. И додека нејзините хитови и други деловни потфати резултираа со богатство надвор од нејзините најлуди соништа, пејачката текстописец од Тенеси во текот на својата легендарна кариера, исто така, беше позната и по своите бујни гради, за кои се ширеа шпекулации дека се осигурани. Сега, таа конечно реши да одговори на шпекулациите. На гости во Today with Hoda & Jenna во средата, таа рече: „Не е вистина.“ „Пред многу години, актерката Бети Грејбл или некоја друга ѕвезда беше позната и по своите нозе. Тогаш реков: можеби би требало да ги осигурам градите бидејќи сум позната по нив“. „Тоа беше само шега. Не го направив тоа.“ Во склад со својата позната смисла за хумор, Партон додаде: „Можете да добиете нови гради, но не можете да добиете нови нозе!“
コメント