Доли Партон напиша книга со Џејмс Патерсон
- Aleksandar Santovski
- Mar 10, 2022
- 1 min read
Првиот роман на Доли Партон, кој го напиша со помош на најпродаваниот автор Џејмс Патерсон, дебитираше во понеделникот на место бр. 1 на листата на најпродавани книги на „Амазон“. Пејачка, музичарка, продуцентка, актерка, сопственичка на тематски парк и активистка, Доли Партон додава и авторка на својата долга листа достигнувања, коментира британски Би-би-си. Во соработка со популарниот писател Патерсон, 76-годишната Партон својот прв роман го наслови Run Rose Run („Трчај Роуз, трчај“). Делото се потпира на сопствените искуства на Партон во музичкиот бизнис, а беше објавено неколку дена откако во петокот излезе албумот со ист наслов. Овој албум со 12 нови оригинални песни ја придружува книгата. „Бегај, Роуз, бегај“ раскажува сторија за една млада пејачка и текстописец која се сели во Нешвил, Тенеси за да го оствари својот сон да стане кантри-ѕвезда. Таа пее за тешкиот живот зад неа, и е во бегство од своето минато.


Commenti