top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Доли Партон, Еминем и Јуритмикс влегуваат во рокенрол Куќата на славните

Кралицата на кантри музиката Доли Партон, раперот Еминем и дуото Јуритмикс, како и Карли Сајмон влегуваат во „Рокенрол Куќата на славните“, американскиот храм на рок и поп музиката.

Рокенрол Куќата на славните ја објави номинацијата за 2022 година, во која се и британската музичка група Дуран Дуран, рок пејачот Пет Бенатар, пејачот и композитор Лајонел Ричи.

Доли Партон (76) влегува во познатата институција во Кливленд, Охајо, иако во март изјави дека се повлекува од номинацијата затоа што не ја заслужува.

Сепак, храмот на рокенролот ја номинираше „кантри кралицата“ поради нејзината „кариера како пионерска музичарка“, поради нејзиниот „импресивен глас“, поради нејзиниот „театрален гламур“, „обожувана икона“ на Американците позната по својата хуманитарна работа.

Истакнати протагонисти на кантри музиката како Џони Кеш и Чет Аткинс веќе влегоа во Куќата на славните.

Церемонијата ќе се одржи на 5 ноември во Лос Анџелес.


1 view

Comments


bottom of page