Доли Партон доби награда од Џеф Безос и 100 милиони американски долари/ВИДЕО
- Aleksandar Santovski
- Nov 15, 2022
- 2 min read
Џеф Безос, основачот на Amazon, неодамна ја именуваше кантри пејачката Доли Партон за добитничка на наградата за Храброст и учтивост. Безос и додели на музичката легенда 100 милиони долари за да ја води секоја добротворна организација што таа ќе ја избере.
Безос (58) ја опиша Доли Партон како „жена која се води од љубовта и дава со срце“.
„Таа дава со своето срце и се води од љубов во секој аспект од нејзината работа. Она што таа го направи за децата, писменоста и многу други работи е едноставно неверојатно“, вели Џеф Безос во видеото објавено на социјалните мрежи.
Основачот на Амазон ја најави наградата со својата партнерка Лорен Санчез.
Доли Партон изрази благодарност до Џеф Безос
Пејачката, заблагодарувајќи му се на Џеф Безос, рече: „Се трудам да ги ставам парите таму каде што ми е срцето, а мислам дека и вие го правите истото. Ќе дадам се од себе за да направам добри работи со овие пари“.
Доли Партон водеше фондација која дистрибуира книги на деца ширум светот, објавија странските медиуми. Силен поборник за вакцинација, таа ја поддржа акцијата на Moderna Inc. преку донација од 1 милион американски долари на медицинскиот центар на Универзитетот Вандербилт за истражување на коронавирус.
Претходните добитници на наградата Џеф Безос од 100 милиони долари се готвачот Хозе Андрес и основачот на Dream.org, Ван Џонс. Хозе Андрес го започна проектот World Central Kitchen, кој ги храни луѓето во областите погодени од катастрофа ширум светот.
Безос, четвртиот најбогат човек во светот со богатство од 123,9 милијарди долари, ги зголеми своите филантропски напори откако минатата година се повлече од функцијата извршен директор на Amazon. Тој го фокусира најголемиот дел од своето внимание на климатските промени со неговиот фонд за Земјата од 10 милијарди долари, а најави и подарок од 200 милиони долари за Националниот музеј за воздух и вселена Смитсонијан.

댓글