Документарен филм за Ејми Вајнхаус одбележува 10 години од смртта на пејачката
22.07.2021 Juli Cetvrtok
Семејството и пријателите на Еми Вајнхаус се осврнуваат на нејзиниот живот во нов документарец, кој одбележува 10 години од смртта на пејачката, со потресни стории за патот до светска слава и битката со зависноста.
Раскажан од мајка ѝ Џенис Вајнхаус-Колинс, Reclaiming Amy содржи домашни снимки, семејни фотографии и интервјуа со блиски пријатели, кои се сеќаваат на посреќните и на помрачните периоди на шесткратната добитничка на „Греми“.
Мајката, која има мултиплекс склероза, ретко зборува јавно за својата ќерка, но ја споделува својата верзија за настаните во документарниот филм, кој го порачаа британските „Би-би-си 2“ и „Би-би-си мјузик“.
Филмот ќе се емитува в петок, 23 јули.
„Дури сега сфаќам колку малку сме разбирале“, вели Вајнхаус-Колинс во филмот. „Таа беше склона кон зависност, не можеше да се запре. Зависноста е многу суров ѕвер“.
Еми, која се бореше со проблеми со пиење и дрога во поголемиот дел од својата кариера, почина од труење со алкохол во својата куќа во северен Лондон на 23 јули 2011 година. Таа имаше 27 години.
Comments