Докторите му дијагностицираа тешка болест на Берлускони, играчите му испратија порака (Видео)
Италијанските медиуми вчера информираа дека Силвио Берлускони со нарушено здравје бил итно пренесен во болница и сместен на интензивна нега, одделение во кое се наоѓа се уште и каде за жал му била дијагностицирана тешка болест.
Дон Силвио бил примен во болницата Сан Рафаело со тешка пневмонија, но според последните информации, тоа не е производ на респираторна инфекција, туку последица на леукемијата која му била откриена.
Газдата на Монца ќе мора да го издржи овој тежок период и потоа да подлегне на хемотерапија, а лекарите споделуваат дека тој се наоѓа во добра состојба со оглед на комплицираната ситуација.
Откако се пренесе оваа непосакувана вест во Италија, Берлускони добива поддршка и убави пораки од сите страни, со тоа што посебно емотивна беше онаа од цел прв тим на Монца.
– Кој верува – тој се бори, кој верува – ги надминува сите пречки, кој верува – тој победува. Напред претседателе.
Comments