Доделени наградите од конкурсите „Свети Климент Охридски“ и „Новогодишна желба“ на Домот на културат
Доделени наградите од конкурсите „Свети Климент Охридски“ и „Новогодишна желба“ на Домот на културата во РесенВо Домот на културата „Драги Тозија“ во Ресен денеска беа доделени наградите од конкурсите „Свети Климент Охридски“ и „Новогодишна желба“.
Диплома и книга за освеоено прво место на конкурсот „Свети Климент Охридски“ доби Драгана Николовска, второнаградена беше Верица Клокановска, а третото место и припадна на Розе Апостоловска. Најдобра на конкурсот „Новогодишна желба“ беше Ана Цветковска, второ место освои Јована Грлмановска, а третото место го делеа Драгана Николовска и Матеј Савевски. Награда доби и средношколецот Димитар Калевски.
На манифестацијата, која беше проследена со Саем на книга од издавачката куќа „Сакам книги“, наградените ученици одржаа литературни читања.
– Прексрасно е што може да учествуваме на литературни конкурси и да го покажеме нашиот талент. Посебно сме благодарни што Домот на културата организира вакви настани, истакна Драгана Николовска, добитничка на две наградил.
Благодарност за наградата искажа и Јована Грлмановска, посочувајќи дека тоа е дополнителен мотив да продолжи со пишување.
– Среќна сум што добив награда и диплома за моето дело. Ова ни е мотив да продолжиме со пишување и натаму, рече Грлмановска.
Директорот на Домот на културата, Васко Василевски им честиташе на добитниците со најава дека во иднина ќе следуваат нови конкурси и настани, каде што најмладите ќе имаат можност да го покаж ат својот талент.
Comments