top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Доделена наградата „Пегаз“ на Александар Русјаков за „Хотел меѓу војни“

Свечено доделување на наградата „Пегаз“ за 2021 година и промоција на победничкиот роман „Хотел меѓу две војни“ од Александар Русјаков се одржаа вечерва во Младинскиот културен центар.

На доделувањето на наградата се обрати жирито во состав: Владимир Мартиновски, Фросина Пармаковска и Бисера Бендевска. Промоторка на романот беше уредничката на изданието Оливера Ќорвезироска. „Хотел меѓу две војни“ е историографска метафикција посветена на култната љубовна приказна за Мустафа Кемал Ататурк и Елени Каринте. Прикажани во вителот на бурните историски настани на Балканот и во Европа (пред сè, многубројните војни од првата половина на 20 век), судбините на Мустафа и на Елени се прикажани преку вештите меандрирања помеѓу биографските факти и многубројните реминисценции и психолошки портретирања на ликовите. На конкурсот пристигнаа 44 ракописи, а покрај победничкиот роман, во најтесниот избор за наградата „Пегаз“ за 2021 година влегоа „Ние“ од Ана Стојаноска и „Мастилна мапа“ од Марија Ралповска. Наградата „Пегаз“ се состои од паричен износ од 90.000 денари и објавување на романот во посебна едиција. Ова е трето издание на книжевната награда „Пегаз“ за најдобар необјавен роман на годината што ја организира издавачката куќа „Арс ламина“, во соработка со фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“.


2 views

Comments


bottom of page