Search
Договор за соработка меѓу Министерството за култура и Асоцијацијата на архитекти
12.04.2021 April Ponedelnik
Министерството за култура и Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ) денеска потпишаа меморандум за меѓусебна соработка, во областа на архитектурата и заштитата на недвижното културно наследство.
Како што соопштија од ААМ, прва активност овозможена со потпишување на овој Меморандум за соработка е вклучувањето на тим професионални кадри, чија специјалност е заштита на објекти од културно наследство, во стручното тело при Министерството за поддршка на процесите на Охридскиот регион.
Меморандумот предвидува соработка меѓу Министерството и архитектите во планирање проекти и активности поврзани со архитектурата во областа на заштитата на недвижното културно наследство.
Исто така, и давање стручни мислења поврзани со архитектурата во проектите што Министерството ќе ги спроведува за заштитата на културното наследство.
Извор: МИА
Comments