top of page

Добро познато име седнува на клупата на Пелистер

23.03.2026 Mart Ponedelnik

Пелистер остана без тренер по последниот пораз од Струга Трим Љум или поточно Милан Стојановски си даде неотповиклива оставка.

Ова значеше дека клубот од Битола мора да бара соодветно решение, а изборот падна на добро познато име, човек кој и тоа како е поврзан со Пелистер-Марјан Секуловски.

-ФК Пелистер повикува на обединување во последните два месеци од сезоната за исполнување на клупските цели. Нашата идеја е сите структури во клубот и градот да пулсираат исто за на последните девет натпревари оваа сезона Пелистер биде оној вистинскиот.

-Затоа решението за излез од кризниот период го побаравме во нашите редови. Како и сите големи клубови се потпревме на оние кои најдобро знаат што е Пелистер, како се менаџира тежок период во клубот и кој е патот за излез од кризата, -порачаа од Пелистер.

Секуловски кој досега беше координатор на школата, дебито на новата позиција ќе го има против Шкендија во Тетово.


 
 
 

Comments


bottom of page