Добрите навики не се менуваат: Јокиќ откри како се подготвува за најважниот дел од сезоната и ги насмеа новинарите
- Aleksandar Santovski
- Apr 8
- 1 min read
07.04.2026 April Vtornik
Никола Јокиќ беше инспиратор на новиот голем пресврт кој го режираше Денвер во Колорадо, овојпат над тимот над Портуланд кој испушти предност од 17 поени.
Нагетси беа во тешка ситуација на почетокот на последната четвртина и се доби впечаток дека ќе стават крај на победничката серија, но на крајот стигнаа до деветти триумф во низа.
Денвер фати посакуван ритам во важен дел од сезоната и на добар начин ќе влезе во плејофот, фаза во која ќе се одлучува новиот НБА шампион.
Јокиќ со трипл-дабл учинокот против Портланд уште еднаш покажа дека игра во страшна форма, а новинарите добија урнебесен одговор кога го прашаа како се подготвува и како добива енергија пред плејофот кој следи.
– Мислам дека ќе го правам истото што го правев и претходната година. Мојот базен е подготвен, чекам само да се подобри времето, – изјави Јокиќ.






Comments