top of page

Добри вести за Ѓоковиќ: Забраната ќе биде укината, ќе може да игра на Австралија Опен!

Поранешниот светски рекет број еден, Новак Ѓоковиќ ќе може да настапи на првиот грен слем во 2023 година Австралија Опен.

Како што пренесуваат медиумите во Австралија, тригодишната забрана за виза ќе биде укината и со тоа Ноле ќе може да биде дел од неговиот омилен турнир.

-На Новак Ѓоковиќ му е дозволено да игра на Австралија опен во 2023 година, бидејќи ќе му биде укината тригодишната забрана за виза за Австралија, -се вели на социјалните мрежи на „Nine News Melbourne“, информација која ја објавија и други големи медиуми во Австралија.

Ноле на почетот на оваа година мина низ вистинска драма во Мелбурн затоа што не беше вакциниран, драма која заврши со негова депортација во Србија.


 
 
 

Comments


bottom of page