Добри вести за „црвено-црните“: Вардар се враќа во базата во Хиподром
Најтрофејниот македонски клуб Вардар се соочува со доста проблеми, но истите мора да се решаваат ако „црвено-црните“ сакаат да се вратат таму каде што припаѓаат при самиот врв на нашиот фудбал.
Од таборот на вардарци стигна една позитивна веста, а тоа е дека екипата се враќа во базата во Хиподром. Ова беше сериозен проблем за клубот во изминативе години, играчите постојано се селеа и тренираа и играа на терени под секое достоинство.
Сега реконструкција на самиот објект е завршена и фудбалерите предводени од стручниот штаб ќе имаат квалитетни услови за тренинг.
-ФК Вардар официјално се враќа во својата база во Хиподром. По неопходната реконструкција на самиот објект, нашите фудбалери предводени од стручниот штаб, повторно ќе ги имаат најдобрите услови за тренинг. Борбата за Вардар продолжува!
-Во недела играме дома, против екипата на Шкендија. Знаеме колку овој натпревар е важен, но веруваме и дека секој Вардарец го знае тоа. Затоа во недела, ве повикуваме сите. Заедно сме во оваа борба – до крај, -порачаа од скопскиот клуб.
Вардар со 5 освоени бода се наоѓа на последното место на табелата во ПМФЛ.
Comments