top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

„Добредојде Кирил“ - Сара Мејс и Димитар Атанасовски добија син, Сара од детски роденден директно на

„Добредојде Кирил“ - Сара Мејс и Димитар Атанасовски добија син, Сара од детски роденден директно на породување„Пијана од среќа и љубов, добредојде Кирил, јунак наш“, напиша Сара Мејс и објави фотографија со синчето и сопругот Димитар Атанасовски, направена веднаш по породувањето вчеравечер, каде појде директно од детски роденден.

Сара Мејс вчеравечер (29.07) го роди своето второ дете. Со сопругот Димитар Атанасовски добија син, а нивната ќерка Илина доби братче.

„Добредојде Кирил, јунак наш“, напиша Сара во описот на фотографијата од болницата каде се породи.

Со саканиот до неа, но и шминка и фризура од роденденот таа блеска.

Сара беше на роденден кај синот на нејзината пријателка Соња, за чиј шик и автентичен стан во Скопје ние правевме статија во една пригода (прочитајте ТУКА).

Роденденот бил во скопски ресторан, каде на Сара ѝ пукнал воденикот и столчето било лом, па таа им напиша и извинување и се пошегува дека ќе им купи ново столче.

Честитки за приновата на Сара Мејс и Димитар!





3 views

Comments


bottom of page