Добра реакција од младинците: Македонија им се врати на победите во разигрувањето на ЕП
15.07.2024 juli Ponedelnik
Ремито против Австрија значеше дека македонската младинска репрезентација ќе биде дел од разигрувањето од 9-то до 16-то место на Европкото првенство, а оваа фаза од турнирот тргна добро за нашите надежи.
Избраниците на Раде Стојановиќ е покажаа во едно одлично светло против Полска и го контролираа резултатот во најголем дел од мечот, бидејќи во една фаза од вториот дел имаа и плус шест на семафорот.
Македонија победи со 28:26 и ја запиша првата победа во разигрувањето, фаза во која екипите се поделени во две групи, од кои двете најдобропласирани одат во разигрување од 9-то до 12-то место.
Нашата селекција со денешната победа направи исчекор во витински правец и ги овои првите бодови, а најзаслужни за тоа беа Митеев, Калајџиески и Узунчев кои имаа по четири реализации.
Следен ривал за Македонија е селекцијата на Романија против која играме утре, а групната фаза ја завршувам со дуел против Франција.
Comments