Добитникот на Еми: Поради штрајкот во Холивуд морав да ја продадам куќата
ктерот Били Портер, добитник на Еми, откри дека морал да ја продаде својата куќа поради тековните штрајкови во Холивуд, и поради тоа го нападна извршниот директор на „Дизни“, Боб Ајгер.
Портер, познат по улогата во серијата „Pose“.на „FX“, изјави за „Ивнинг стандард“ (Evening Standard) дека ја ставил својата куќа на продажба, пренесува „Индекс.хр“.
„Затоа што штрајкуваме. И не знам кога ќе се вратиме на работа. Животот на уметникот, додека не заработите пари – што сè уште не сум ги заработил – е хонорар по хонорар. Требаше да бидам во нов филм и нова телевизиска серија што ќе започне во септември. Ништо од тоа не се случува“, изјави Портер за „Ивнинг стандард“.
Портер, исто така, се осврна на извештајот од јули објавен од „Дедлајн“ (Deadline), каде анонимен директор на студиото изјави за публикацијата дека студиото ќе дозволи штрајковите да траат додека „членовите на синдикатот не почнат да ги губат своите станови и своите куќи“.
-Значи, на лицето кое рече „ќе ги изгладнеме додека не мора да ги продадат своите станови“, му велам дека веќе ме изгладнувавте- рече Портер.
Здружението на писатели на Америка штрајкува од мај, Здружението на актерите на екранот штрајкува од јули, а крајот на штрајковите не се гледа. Двата холивудски синдикати бараат подобри плати во ерата на стриминг и заштита од вештачка интелигенција и се обидуваат да склучат договор со филмски и телевизиски продуценти.
Портер, исто така, го спомна и директорот на „Дизни“, Боб Ајгер во интервјуто. Ајгер привлече критики и внимание откако изјави за „Си-ен-би-си“ (CNBC) дека штрајкот на актерите е „многу вознемирувачки“ и рече дека очекувањата на штрајкувачите „не се реални“.
„Да го слушнете Боб Ајгер како вели дека нашите барања за минимална плата се нереални? Додека тој заработува 78.000 долари дневно? Немам зборови за тоа, но: зафркни сѐ“, изјави Портер за „Ивнинг стандард“.
Comments