Добива вознемирувачки писма, сомнителни мажи ја следат:Шакира е исплашена за својата безбедност, бар
Колумбиската пејачка Шакира наводно добивала вознемирувачки писма во кои обожавателите ја молеле да се омажи за нив, па таа контактирала со полиција, а се резултирало со раскинување со Жерар Пике, пишува Marca.
Шакира е исплашена за безбедноста, а особено се изненади откако на социјалните мрежи се појавија нејзини фотографии на кои ја гледаме како го користи телефонот пред вилата во која живее.
Таа се сомнева дека нивните автори се мажи кои „висат“ пред вилата и ја шпионираат.
Кога станува збор за писмата, содржината е слична.
„Те сакам, убава жено. Доаѓам по тебе, љубов моја. Подготвен сум веднаш да се оженам за тебе“, пишувало во едно од нив.
Неодамна беше објавено дека Шакира сакала да ги носи децата во Мајами на два месеци, за време на училишниот распуст, но шпанскиот фудбалер одбил да ѝ даде дозвола.
Comments