top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Доаѓањето на Роналдо го поттикна оптимизмот

ФУДБАЛ

Цел час откако судијата Ентони Тејлор означи крај на мечот, на кој два гола постигна Кристијано Роналдо за Манчестер јунајтед во победата над Њукасл со 4-1 во меч од англиската фудбалска Премиер-лига, еуфоријата околу стадионот „Олд Трафорд“ уште беше тешко да се избегне, пишува „Би-би-си“. Стотици гледачи одлучија да не го напуштаат стадионот додека клубот не одговори на нивното барање и не го изведе Роналдо за неговите обврски за ТВ-интервју. Неговото излегување предизвика повеќе навивања и уште едно скандирање „вива Роналдо“, што беше невозможно да се избегне околу стадионот од средината на утрото пред мечот.

Надвор, еден приврзаник, на возраст од 20 години, пред својот другар се обиде да прослави со препознатливото вртење на Португалецот. Овие моменти, и навистина оние што следуваа на тревниот терен неколку часа подоцна, се причината што Манчестер јунајтед го ангажира повторно капитенот на Португалија. Неговото појавување за загревањето беше придружено со бран одушевување. Неговиот прв допир, првиот гол, вториот, излегувањето по мечот и негово повторно појавување за интервју, сето тоа предизвика поклонување на Роналдо. Радосниот исход од победата против екипата што победи еднаш на „Олд Трафорд“ од 1972 година, е светлосна година подалеку од сцените на истото место пред нешто повеќе од четири месеца, кога натпреварот со Ливерпул беше одложен поради жестоките протести на гледачите, а доаѓањето на Роналдо го поттикна оптимизмот на нивоа ретко забележани од времето кога сер Алекс Фергусон се пензионира во 2013 година, пишува „Би-би-си“.


2 views

Comments


bottom of page