top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Директорот на Ф1 трката во Абу Даби испрати предупредување до Ферстапен и Хамилтон

Макс Ферстапен и Луис Хамилтон се подготвуваат за финалето на Формула 1 сезоната, по кое ќе биде познат и освојувачот на шампионската титула.

Двајцата ривали влегуваат со ист број поени на трката во Абу Даби, а досегашните „контакти“ го инспирираа Мајкл Маси да ги предупреди Ферстапен и Хамилтон за консеквенците за евентуално прекршување на правилата.

Директорот на трката им испрати порака на возачите на Ред Бул, односно Мерцедес, посебно што тие имаа несакан контакт и на последната трка во Саудиска Арабија.

– Само тие двајцата можат да го контролираат своето однесување, но правилата се јасни и овозможуваат сериозни казни и одземање на поени.

– Се надевам дека нема да стигне до такво нешто, но пилотите и нивните тимови треба да бидат свесни за последиците. Верувам дека стјуардите нема да го решат новиот шампион.

– Макс и Луис добро знаат што е дозволено, а што не, а секој инцидент ќе се разгледува поединечно и одлуките ќе ги носи независен панел, а не јас како што некои мислат, – изјавил Маси.


1 view

Comments


bottom of page