top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Директорот на АО: Надал ќе игра во Мелбурн

Рафаел Надал минатата седмица се врати на терените по долга пауза и тоа на турнирот во Абу Даби каде одигра два натпревари против Енди Мари и Денис Шаповалов, мечеви кои ги загуби, но резултатот беше во втор план со оглед на тоа што сакаше да види како и дали неговото тело ќе ги издржи тие напори.

Меѓутоа по враќањето во Шпанија, кралот на земјата доби позитивен тест на КОВИД-19 и веднаш медиумите, јавноста го ставија под знак прашалник неговоти учество на Австралија Опен.

Самиот Надал исто порача дека во зависност од тоа што ќе се случува ќе донесе одлука за престојните турнир, но директорот на АО, Крег Тајли нема никакви дилеми дека Шпанецот ќе биде присутен во Мелбурн.

-Убеден сум дека Рафа ќе биде тука. Играчите кои сега се позитивни, имаат време да се опорават до почетокот на турнирот, -истакна Тајли.


3 views

Коментарі


bottom of page