top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Директорката на биеналето „Манифеста“ ќе одржи предавање во МСУ

Updated: Oct 6, 2021

05.10.2021 Oktomvri Vtornik

Утревечер во 20 часот во Музејот на современата уметност – Скопје предавање ќе одржи Хедвиг Фејен (Холандија), основач и директорка на Европското номадско биенале за современа уметност – „Манифеста“.

Доаѓањето на Фејен во МСУ – Скопје, првиот човек на „Манифеста“ на едно од најзначајните уметнички биеналиња во Европа и четврто по ред во светот е ретка можност и за кураторскиот тим и за нашата публика.

Темата на нејзиното предавање во просториите на МСУ – Скопје е целосен преглед на концептот на „Манифеста“, ќе ги претстави претходните изданија на биеналето и ќе го објави концептот, програмата и развојот на престојното 14-то по ред издание на биеналето со наслов „Манифеста 14 Западен Балкан“.

Организаторите, овој пат, го избраа градот Приштина, поради неговата географската и гео-политичката важност во рамките на западен Балкан се со цел да го развијат проектот „Манифеста 14 Приштина“. Иако, седиштето на ова издание ќе биде во Приштина, биненалето ќе се реализира и во други градови од западен Балкан. Музејот на современата уметност – Скопје, годинава станува партнерска институција во организација на „Манифеста 14 Западен Балкан: Ко-производство на заеднички простор и обликување на формации на солидарност на Западен Балкан и пошироко“, кофинансиран од Европската Унија.

Како дел од програмата на „Манифеста“, во текот на наредните две години, Музејот на современа уметност – Скопје ќе биде организатор на програмска целина составена од дискурзивна и изложбена програма. Дискурзивната програма ќе се фокусира на функцијата на музеите на современа уметност во ерата на „Новата реалност“, која е обликувана од поврзани настани во текот на 2020 и 2021 година, како што се пандемијата, заклучувањата, затворените граници, одговорите на националистичката влада, непријателските еколошки политики, протести и сл.

За таа цел, Хедвиг и доаѓа во МСУ – Скопје, под чие раководство се одвиваат сите аспекти на организацијата „Манифеста“, вклучувајќи го и изборот на градови – домаќини за биеналето, тематска содржина и кураторска селекција.

На презентацијата ќе бидат присутни и Емилија Ван Линден и Нита Деда, координатори на „Манифеста“ од Амстердам и Приштина. Инаку, „Манифеста“ започнува во раните 90-ти години и се разви како патувачка платформа која се разликува од главните центри на уметничкото производство, отворајќи свеж терен и нова културна топографија. Номадскиот карактер на „Манифеста“ е концепиран за да се истражи географската и психолошка територија на Европа.

Секое биенале на „Манифеста“ ги истражува и одразува настаните во современата уметност и култура, ангажирајќи локална, национална и меѓународна публика со нови аспекти и форми на уметничко изразување за позитивните општествени промени во Европа.

„Манифеста“ е проследена со низа активности, кои се протегаат во период од две или повеќе години, вклучувајќи студии, публикации, состаноци, дискусии и семинари што кулминираат со последната тримесечна програма. Па така, најновото издание на „Манифеста 14“ веќе почна да се реализира на различни локации низ западен Балкан од кои, дел и во Скопје, а тромесечната завршна прорама ќе биде реализирана од 22 јули до 30 октомври 2022 година.

„Манифеста“ е практично посредник помеѓу меѓународна уметничка и интелектуална сцена, отворајќи дебати и фокусирајќи се кон специфични прашања на локалната заедница.

Целта е да презентира уметници, кустоси и млади професионалци од преку 40 различни земји, создавајќи врски со соседите на Европа во Азија, источниот Медитеран и северна Африка и се фокусира на вклучување на перспективите на малцинските групи и култури во самата Европа.

Претходните изданија се одржани во Ротердам (1996), Луксембург (1998), Љубљана (2000), Франкфурт (2002), Сан Себастијан (2004), Никозија (2006-откажано), Трентино-Јужен Тирол (2008), Мурча во дијалог со северна Африка (2010), Лимбург (2012), Санкт Петербург (2014), Цирих (2016) и Палермо (2018) и Марсеј (2020). За 2022 година Приштина е домаќин на биеналето.

Презентацијата во МСУ ќе биде реализирана со ограничен број од 30 седишта за публика и според актуелните владини протоколи во услови на пандемија со потврда за вакцинација или потврда за имунитет на ковид-19 во последните 40 денови.




1 view

Comments


bottom of page