top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Дипломската претстава „Семејство“ на студентите на ФДУ во Драмски

На сцената на Драмски театар-Скопје, утре (25 март) во 20 часот ќе се изведе претставата „Семејство“ на авторот Роналд Харвуд. „Семејство“ е дипломска претстава на студентите на ФДУ во класа на проф. Зоја Бузалковска и доц. Александар Степанулески. Во претставата играат: Мартин Ѓоргоски, Сара Спиркоска, Лазар Христов, Ања Митиќ, Леонардо Лазов, Анастасија Величковиќ, Стефан Николовски, Нела Павловска и Јана Вељановска.

Претставата со мотото „Семејствата се добри затвори“ на интересен начин ни ги пренесува семејните релации. Освен на академската сцена на ФДУ, со оваа претстава младите актери гостуваа на МТФ „Војдан Чернодрински“, а во најава се и неколку нови гостувања на сцените на македонските театри.

-Театарот ја продолжува традицијата за поддршка и промовирање на помладите колеги студенти и дипломци на Факултерот за драмски уметности, соопштуваат од Драмски театар.


1 view

Comentarios


bottom of page