top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Димитров: Знаев дека Алкарас ќе го победи Ѓоковиќ

Карлос Алкарас и Новак Ѓоковиќ имаа незаборавна битка на Вимблдон, меч во пет сета кој му припадна на младиот Шпанецот кој на тој начин дојде до првиот грен слем во Лондон, поточно на тревна подлога.

Алкарас имаше катастрофално отварање, првиот сет го загуби со 6-1 и се стекна впечаток дека Ѓоковиќ лесно ќе ја продолжи доминацијата на овој турнир, но предводникот на новата генерација се врати, направи пресврт и дојде до пехарот на неофицијалното светско тениско првенство.

Григор Димитров го испратил овој меч на неговите колеги и воопшто не е изненаден што Карлос се претстави во такво светло и дојде до пехарот.

-Брзо видов што ќе се случи. Чувствував дека Алкарас ја презема контролата и по она што го видов во првиот сет. За мене беше интересно да го гледам натпреварот на ова ниво, да видам што прават за време на важните поени. Бев многу љубопитен.

-Мора да му се оддаде признание на Алкарас што игра така во важни поени. Беше неверојатно да се гледа. Победата на Алкарас не ме изненади. Веќе играв со него два или три пати и во извесна смисла знаев што ќе прави. Последно но не и најмалку важно, Новак успеа да дојде до грен слем финалето доста спектакуларно. Ќе биде интересно да се види како ќе се одвива нивното ривалство, заклучи Григор.

Шпанецот води со 2-1 во меѓусебните дуели со Ѓоковиќ.


0 views

Comments


bottom of page