Димитријевиќ со клучна асистенција, Уникс повторно има предност во ВТБ финалето
Ненад Димитријевиќ повторно беше еден од најистакнатите играчи во редовите на Уникс Казан, а неговиот тим успеа да оствари гостинска победа над Локомотив (81:82) во финалето на плејофот на ВТБ лигата.
Соочувањето за титулата во ВТБ лигата донесе неизвесен натпревар со драматична завршница, во која гостите подобро се снајдоа, а нашиот Димитријевиќ имаше клучна асистенција по која Рејнолдс постигна два поени за победа.
Уникс одигра подобар прв период, но домаќините возвратија и на полувреме имаа предност, за последниот период да го започнат со плус четири. Сепак, Локомотив потфрли во завршниот период, во кој на крајот Рејнолд победи на 6 секунди до крајот, а домаќините не успеаја да погодат за победа на спротивната страна.
Димитријевиќ со 13 поени беше втор најдобар реализатор кај победникот, а забележа и 6 асистенции и 4 скокови на оваа средба. Мејкон со поен повеќе е најефикасен кај Уникс, додека во редовите на Локомотив, Барфорд реализираше 20 поени.
Уникс направи брејк и ја врати предноста на домашен терен, па сега води со 2:1 во серијата подобар од седум во ВТБ лигата.
Comments