top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Димитријевиќ се повреди, Милано се посрамоти и испушти предност од 27 разлика против Жалгирис (ВИДЕО)

17.10.2024 Oktomvri Cetvrtok

Кошарката знае да биде магичен спорт, а нова потврда за тоа добивме на вечерашниот меч меѓу Олимпија Милано и Жалгирис во Евролигата, меч на кој се случи „чудо“ за конечна победа на гостите од 85:82.

Како клубот од Каунас го доби овој натпревар сигурно и самиот не знае, а од друга страна пак домаќините уште долго време ќе го паметат и ќе бараат одговори како го загубија со оглед на тоа што водеа со 27 разлика во третиот период.

„Манекените“ го реализираа првиот период со 24:17, вториот со 25:14 за плус 18 на пауза (49:31). Домаќините беа добри и во поголемиот дел од третиот период каде на три ипол минути до крајот на тој дел водеа и со 27 разлика (64:37), но од тука почнаа да се менуваат работите.

До крајот на третата четвртина Жалгирис дојде до негатива од 18 кошеви (66:48), а воден од оваа енергија продолжи да го намалу минусот и со страшно издание во последните 10 минути во кои уфрли дури 37 поени се избори за триумф за паметење.

Кога беше најтесно на 18 секунди до крајот Димитријевиќ се повреди при еден влез и потоа не влезе на теренот, па останува да се види од каков тип е повредата и дали е нешто сериозно.

Нашиот кошаркар на крај заврши со 11 поени, 2 скока и 4 асистенции. Миротиќ со 17 поени и 11 скока беше прво име кај домаќините, Гедраитис пак со 21 беше лидер кај победникот.

Вториот македонски репрезентативец Ти-Џеј Шортс промаши шут за победа на Париз над Баерн Минхен. Плејмејкерот не реализираше шут за два на 7 секунди за водство на светците од 109:108, па баварците завршија со конечно славје од 109:107.

Шортс имаше 22 поени и 9 скока.

Победи вечерва остварија уште тимовите на Фенербахче, Реал Мадрид и Партизан.



2 views

Comments


bottom of page