top of page

Димитријевиќ по одличниот настап во Еврокупот: Ја искористивме енергијата на фановите

Oct 8
1 min read

08.10.2026 Oktomvri Cetvrtok

Арис вчера одигра одличен натпревар во кошаркарскиот Еврокуп и стигна до втората победа во исто толку настапи во ова европско натпреварување.

Нено Димитријевиќ го предводеше својот тим до триумф против Бургос, а со 21 поен на овој натпревар беше и најдобар реализатор, па и најдобар играч на теренот.

По натпреварот, македонскиот репрезентативец изразил задоволство од резултатот, но најавил дека тимот предводен од Спанулис има дополнителен простор за напредок.

– Ја искористивме енергијата на нашите фанови и беше важно да започнеме на позитивен начин на натпреварите на домашен терен.

– Во дел од натпреварот покажавме одредени слабости во нашата игра, но тоа е логично бидејќи се работи за тим со многу нови играчи.

– Се движиме во правилна насока и ќе се обидеме да напредуваме дополнително, – рекол Димитријевиќ.


 
 
 

Comments


bottom of page