top of page

Димитријевиќ најдобар асистент, Баерн забележа нов триумф во Бундеслигата

15.04.2026 April Sreda

Баерн Минхен забележа нов триумф во Бундеслигата, славје над Лудвигзбург од 93:59 во натпреварот кој е добра најава пред соочувањето со Барселона во Евролигата.

Првото полувреме не најавуваше ваков резултат со оглед на тоа што домаќините водеа само два разлика (43:41), но по паузата гостите како да исчезнаа од теренот, уфрлија само 18 поени за 20 минути што на крајот им донесе потоп и пораз од 34 разлика.

Обст со 19 поени беше прв стрелец, МекКормак додаде 14, додека нашиот Ненад Димитријевиќ беше задолжен за разигрување на соиграчите и беше најдобар асистент (8) заедно со Холац.


 
 
 

Comments


bottom of page