Search
Димитријевиќ може да заврши во Сарагоса
21.07.2022 Juli Cetvrtok
И понатаму останува неизвесно дали македонскиот репрезентативец, Ненад Димитријевиќ ќе го гледаме во дресот на Валенсија и во престојнава сезона.
Димитријевиќ лани пристигна во редовите на овој клуб, но во изминатава година се променија доста работи, екипата доби нов тренер во Алекс Мумбру, а не треба да е заборави дека тимот ќе игра и во Евролигата, па се очекуваат нови имиња, голема конкуренција.
Поради сето ова Нено може да извиси и да се пресели во нова средина со тоа што минатиот месец го поврзуваа со Гран Канарија, додека сега го селат во Сарагоса. Наводно преговорите се во тек и Македонецот може кампањата 2022/2023 да ја мине во екипата која заврши дури на 16 позиција на табелата.
Comments