Search
Димитријевиќ „испука“ дабл дабл, но Рајковиќ се радуваше во македонското дерби во ВТБ лигата
Емил Рајковиќ и неговата ЦСКА Москва издвојуваа победа над Уникс Казан на Ненад Димитријевиќ од 79:66 во дерби средбата во ВТБ лигата.
„Армејците“ предводени од Рајковиќ покажаа повеќе на ова соочување со актуелниот шампион, беа подобри во три од четирите четвртини, а во завршните десет минути резултатот беше 18:18 што значи дека сосема заслужено дојдоа до славје на овој дуел, победа број 11 во досегашните 12 одиграни натпревари.
Четворица играчи на ЦСКА беа двоцифрени, лидер беше Мбаје со 17 поени и 6 скокови. Македонскиот репрезентативец Димитријевиќ беше прво име кај Уникс со 16 поени, 10 асистенции, плус 1 скок, 1 украдена и 3 загубени топки.
ЦСКА е на првата позиција на табелата, Уникс со учинок 8-3 е на второто место.
Comments