Димитријевиќ има поставено цел: Сакам да одиграм барем една сезона во Партизан
Ненад Димитријевиќ во оваа сезона игра надвор од Шпанија и тоа во редовите на Уникс Казан каде настапува како позајмен играч од Валенсија.
Македонскиот репрезентативец имаше желба да игра во Евролигата со „лилјаците“ во актуелнава кампања, но ќе мора да почека нова прилика за да си го оствари својот сон.
-Сите убаво ме прифатија, има добра хемија во екипата. Голема промена кога е во прашање кошаркарскиот аспект, а и животот. Морав брзо да се прилагодам. За сега сезоната е успешна за мене и за клубот.
-Мојата цел е Евролига. Минатата година требаше да играме со Валенсија, но сепак бевме во Еврокупот. Сега имам договор со нив, тие играат Евролига, јас отидов на позајмица. Повторно пропуштив. Се надевам дека ќе играм следната сезона … но и овде сум среќен. Не мислев дека лигата е толку добра. Зенит, ЦСКА, Нижни, Локомотива … има квалитетни тимови, напорно е и нема ништо лелсно. Дојдов да играм на слично ниво, кога веќе не можев во Валенсија.
-УНИКС е клуб што требаше да го игра плејоф во Евролига. Сакав да останам на високо ниво и да работам со Перасовиќ. Тој е одличен европски тренер и ова е одлично искуство за мене, -вели Нено кој се надева дека во кариерата ќе има можност да одигра барем една сезона за Партизан, клубот за кој навива тој и целото негово семејство.
-Сакам барем една сезона во кариерата да одиграм во Партизан. Да ја почувствува таа атмосфера и навивачи. Тоа е мојата цел. Не знам кога, знам дека сè ќе биде како што треба. Ама сакам еднаш тоа да го почувствувам пред да се пензионирам, -порача плејмејкерот за „Моцарт Спорт“.
Comments