top of page
Search

Димитријевиќ е фаворит за МВП наградата во ВТБ лигата

29.03.2024 Mart Petok

Македонскиот репрезентативец, Ненад Димитријевиќ игра на високо ниво во ВТБ лигата во оваа сезона, а тие негови изданија носат и одлични резултати за Уникс Казањ кој во моментов е лидер на табелата со учинок 25-8 (победи/порази).

Токму ова го става нашиот Нено во добра позиција да се надева на признанието најкорисен играч во лигата, награда која сигурно ќе ја добие ако неговиот Уникс остане на местото број еден.

-Секако дека наградата МВП ќе заврши кај лидерот на тимот кој ќе го освои првото место, тоа е наше правило.Сега Уникс е број еден и ако го задржи наградата ќе заврши кај Димитријевиќ. Постигнува 30+ поени во натпреварите со директните конкуренти, многу е добар во игра заедно и ги води своите партнери во тешки моменти. Тој засега е фаворит.

-Сакам да ги истакнал и Персел од Локомотив Кубањ и Хантер од Зенит. Вер од ЦСКА за жал е повреден, Тримбл е исто добар, ама му фали конзистентност, -вели генералната директорка на ВТБ-лигата, Илона Корстин.


0 views
bottom of page