top of page
Search

Димитријевиќ даваше кошеви и разигруваше, Уникс блиску до полуфинале во ВТБ лигата

Writer: Aleksandar SantovskiAleksandar Santovski

25.04.2024 April Cetvrtok

Уникс Казањ на Ненад Димитријевиќ издвојува уште една победа над Самара (77:64) во четвртфиналната рунда на плејофот во ВТБ лигата.

Домаќините имаа една зацртана цел, а тоа е триумф и водство од 2-0 во серијата, цел која ја остварија со две добри четвртини во кои го надиграа противникот, втората која им припадна со 26-16 и третата со 17-10.

Ова беше доволно за да избраниците на Перасовиќ сега се многу блиску до полуфиналето кое можат да го обезбедат на теренот на противникот за три дена.

Македонскиот репрезентативец Димитријевиќ имаше двоцифрен учинок, 11 поени на кои додаде 8 асистенции со 4 скока. Најефикасен беше Лабери со 14 поени, додека кај гостите исто толку даде Робертсон.


 
 

תגובות


bottom of page