Димитриевски се враќа во Шпанија и го пропушта мечот со Фарски Острови
Столе Димитривески вчера го израмни легендарниот Петар Милошевски со одигрнаиот 60-ти натпревар за македонската фудбалска репрезентација, па на следните натпрвари само ќе го подобрува овој учинок и ќе продолжи да ја пишува својата историја која веќе трае со години.
Сепак, нашиот прв голман ќе почека за следниот настап до месец јуни, бидејќи во договор со Рајо Валјекано и македонската репрезентација, доби дозвола да биде ослободен за пријателскиот меч со Фарски Острови.
Димитриевски ќе остави простор за останатите колеги кои се повикани во тимот, а селекторот Милевски од претходно знае дека не може да смета на Дориан Бабунски и Аријан Адеми кои беа првично повикани.
Двајцата заработија повреди на тренинзите и останаа без шанси да им помогнат на своите соиграчи, кои вчера триумфално отворија против Малта и славеа со 2:1.
На овој натпревар, повреда заработи и Ѓоко Зајков, кој иако е во добра состојба, поради потресот на главата сепак ќе паузира и нема да игра против Фарски Острови.
Comments