top of page

Димитриевски: Ни треба подобра дуел игра, подобро изгледаме кога сме позиционирани квалификации за светско 2026 фидбал

30.03.2026 Mart Ponedelnik

Воопшто не е лесно да се пронајдат мотиви кај нашите фудбалери да го одиграат натпреварог во Даблин против Ирска, како последица на поразите на двете репрезентации во полуфиналето на плеј-офот. Голманот на нашиот национален тим, Столе Димитриевски потенцираше дека нема небитен натпревар кога ќе игра националниот тим.

Голманот на Валенсија пред официјалниот тренинг рече:

„На последните натпревари примивме доста голови, доста ни шутираат на гол, ни треба подобра дуел игра на средината на теренот. Треба да ги освојуваме вторите топки и кога ги губиме тие дуели, често противникот ни шутира од далечина. Кога сме позиционирани, противникот не е многу опасен. Ги воочивме грешките и тука сме да напредуваме и подобруваме.

Секој од нас кажува неколку зборови пред натпревар, селекторот е голем мотиватор, а зборува и за тактичките детали. Професионалец сум и кога победувам и кога губам и доаѓам за репрезентација максимално концентриран за да одиграм одличен натпревар. Тоа е најмалку што можеме да сториме за националниот тим“.

Натпреварот на „Авива стадиум“ ќе биде од пријателски карактер и дозволени се по четири замени од секоја страна.

ИрскаИрскаМакедонијаМакедонија


 
 
 

Comments


bottom of page