Димитриевски и Рајо Валјекано го дознаа ривалот за полуфиналето на Копа Дел Реј
Барселона и Реал Мадрид го завршија настапот за оваа сезона во Копа Дел Реј, па сега сите клубови гледаат шанса за дојдат до пехарот во Купот на Шпанија.
Останаа четири екипи, а една од нив е Рајо Валјекано за кого како што е познато настапува македонскиот репрезентативец Столе Димитриевски. Денеска беше извршена ждрепката, па Столе и компанија го добија најтешкиот можен ривал ако се земе предвид лигашката табела, односно ќе мора да се соочат со третопласираниот Бетис.
На првата средба на 9 или 10 февруари Рајо ќе биде домаќин во Мадрид, реваншот е закажан за март и тоа на 2 или 3.
Во второто полуфинале ќе играат Атлетик Билбао и Валенсија. Билбао е составот кој во двете претходни рунди ги елиминираше Барселона и Реал Мадрид, но и тим кој во своите редови го има тренерот Марселино Гарсија Торел кој е екс предводник на „лилјаците“ што значи дека ќе се врати на „Месталја“ каде имаше недоразбирања со управата.
Comments