Димитриевски и Димитриоски ќе играат во завршницата на Купот на кралот
Дарко Димитриевски и Димитар Димитриоски со нивниот Валјадолид обезбедија пласман на завршниот турнир во Копа Дел Реј.
Валјадолид направи изненадување и ја совлада Куенка со 27-25 и по вторпат во својата историја ќе биде дел од завршната фаза во ова натпреварување и тоа во периодот од 5 до 7 мај во Сантандер.
Што се однесува до самиот меч, одлучувачка беше партијата на домаќините во првите 30 минути во кои изборија позитива од 16-13, па водени од таа енергија го издржаа секој притисок, налет на противникот во вториот дел, поточно дојдоа до значаен резултат кој треба да им донесе поголема самодоверба по низата на лоши резултати во АСОБАЛ лигата.
Димитриевски беше автор на два гола, додека Димитриоски не беше актиевен на овој натпревар. Најефикасен беше поранешнито вардарец Хосе Толедо со 6 гола.
Comments