Димитриевски би можел да се пресели во Елче
- Aleksandar Santovski
- 4 days ago
- 1 min read
06.08.2025 Avgust Sreda
Столе Димитриевски до крајот на преодниот рок ќе ја напушти Валенсија. Целта на македнскиот репрезентативец е да остане во Шпанија.Димитриевски, минатото лето како слободен играч пристигна во Валенсија од Рајо Ваљекано. Претходно клубот го продаде Георги Мамардашвили во Ливерпул, но клубот од Англија репи да го остави голманот на позајмица.
Кога клубовите се договорија јасно беше дека Димитриевски ќе биде резерва. Бранеше само на натпреварите во Купот и на неколу натпревари во првенството кога Грузиецот беше повреден.
Статусот на Димитриевски не се подобри ниту по завршувањето на сезоната, Мамардашвили замина, но Валенсија реши на позајмица од Атлетик Билбао да го донесе младиот голман Хулен Агирезабала.
Поради ваквата одлука на клубот македонскиот репрезентативец сака да ја напушти „Местаља“.
Шпанските медиуми пишуваат дека постои шанса Димитриевски новата сезона да ја мине на позајмица во Елче. Клубот по пауза од една година се врати меѓу шпанската елита и бара искусен голман за предизвиците во Примера.
Foto/ EPA/Rodrigo Jimenez

Comentários