Search
Димитар е пред уште еден голем успех: Ѓорѓиев ќе се бори за златото на СП во Италија
21.10.2021 Oktomvri Cetvrtok
Димитар Ѓорѓиев ќе се бори за златото на Светското првенство во кик бокс кое се одржува во Италија. Најдобриот македонски кикбоксер има можност по четврти пат да стане светски шампион, но за да се случи тоа ќе мора во завршната битка да биде подобар од Никола Дробњак од Босна и Херцеговина. Ѓорѓиев во полуфиналето за ривал го имаше Бугаринот Никола Николов кого го совлада со 3-0. Од нашите преставници исто вредно да се напомене е дека Бобан Илиоски не успеа да ја мине полуфиналната пречка, односно на неговиот пат застана Александар Менковиќ од Србија. На овој голем собир учествуваат 1418 кикбоксери со 1593 натпреварувачки влезови од 69 држави.
Comments