top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Димевски потпиша: Скопје ќе биде домаќин на Младинскиот олимписки фестивал во 2025 година

Претседателот на Македонски олимписки комитет, Даниел Димевски, вчера во Марибор, Словенија, го потпиша меморандумот за организација на Европскиот олимписки младински фестивал во Скопје во 2025 година.

Покрај него, од страна на ЕОК потпис стави претседателот на Европскиот олимписки комитет, Спирос Капралос, како и генералниот секретар на МОК, Сашо Поповски.

Договорот содржи делови кои се однесуваат на основните принци на организација на игрите, сместување, подготовка на различни функционални области, спортска инфраструктура, утврдување на листа на спортови на игрите, церемонии, финансии, маркетинг и комерцијални прашања, ПР и медиуми и други ставки поврзани со успешната организација на игрите, кои ќе се одржат во периодот од 20 до 26 јули 2025 година.

– Подготвени сме да го прифатиме предизвикот да бидеме домаќини на летното издание на Европскиот младински олимписки фестивал во 2025 година, да организираме незаборавен европски мултиспортски настан за млади спортисти. Привилегирани сме што ја имаме оваа неверојатна можност и извонредна обврска да бидеме домаќини на најдобрите млади европски спортисти благодарение на довербата на Европските олимписки комитети. Од организациски аспект претстои многу работа, но имајќи предвид дека зад нас ги имаме Европските олимписки комитети, но и Владата на Северна Македонија и градоначалникот на Град Скопје кои со големо задоволство ја примија оваа прекрасна вест, можеме само кажете дека сме подготвени да реализираме неверојатни игри во Скопје,– истакна Димевски.

Годинешното издание на Европскиот олимписки младински фестивал се одржуваше во Марибор каде присуствува повеќе од 2400 спортисти и околу 1000 официјални претставници, во 11 спортски дисциплини.

Првото издание на фестивалот се одржало во Брисел во 1991 година каде што младинци на возраст од 14 до 18 години се натпреварувале на интернационалниот настан.

Северна Македонија ќе биде една од 25. европски земји кои биле домаќини на зимски и летни игри и 16-та во која ќе се одржи летното издание.


0 views

תגובות


bottom of page