top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Димарко се извини за своите постапки откако доби закани од навивачите на Милан (Фото)

Федерико Димарко е фан на Интер од најмали нозе и со посебни емоции го најавуваше полуфиналето против градскиот ривал Милан, 20 години по болните моменти кои ги доживал како присутен на „Сан Сиро“ на трибините.

Пред две децении Милан беше тој кој беше поуспешен во меѓусебните дуели во Лигата на шампионите, но сега дојде ред да победи Интер, кој со вкупни 3:0 се пласираше во големото финале во Истанбул.

Токму Димарко беше еден од оние кои ја водеа главната забава на „Џузепе Меаца“ по последниот судиски свиреж, а во таква еуфорија, малку се занесе и почна да пее анти-Милан песни со навредлив тон.

Уште истата вечер, Димарко доби закани од навивачите на Милан и беше поставен банер пред неговиот дом со пораката „Држи се до играње, или ќе те натераме да си ги проголташ зборовите“, а сега самиот дефанзивец на Интер сфати дека претерал и се извини за направеното.

– Во вторникот вечера после натпреварот имав момент на лудост. Сакам да им се извинам на сите навивачи на Милан кои се навредија од моите постапки, – порача Димарко.


2 views

Comments


bottom of page