top of page
Search

„Дизни“ ја одбра новата Снежана – мелеска со чудесен глас

Writer's picture: Aleksandar SantovskiAleksandar Santovski

05.07.2021 Juli Ponedelnik

Компанијата „Дизни“ објави дека за улогата на Снежана во играниот филм по сценарио на славниот цртан филм од 1937 година, ја одбрале младата мелеска Рејчел Зеглер.

Млата актерка е одбрана и за улогата на Марија во римејкот „Приказна од западната страна“ во режија на Стивен Спилберг, чија промоција поради пандемијата е одложено за декември.

Рејчел Зеглер е мелеска, ќерка на Колумбијка и Полјак. Таа се истакна на сцената глумејќи во училишни мјузикли во Њи Џерси. Беше наградена за улогата на Бел во „Убавицата и ѕверот“, Ариел во „Малата сирена“ и за Фиона во „Шрек“.

Режисерот н „Снежана“, Марк Веб, познат по режирањето на филмовите за Спајдермен, истакнува дека бил импресиониран од волкалните можности на младата актерка и пејачка. Филмот е адаптација на легендарната бајка од браќата Грим. Почетокот на снимањето на „Снеѓана“ е планиран за 2022 година.

Изборот на актерка од мешана раса предизвика внимание во јавноста како уште една потврда за насоката на компанијата „Дизни“ која порано беше критикувана дека фаворизира белци како главни ликови.

Чекор напред кон различноста во претходните две години беа филмовите „Мулан“ и „Аладин“ исто така снимени во играна верзија по успехот на цртаните филмови.


 
 

Comments


bottom of page