top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

„Дизни“ работи на филм за создавањето на „Дизниленд“

Филмското студио „Дизни“ наводно работи на филм за патувањето на својот основач Волт Дизни да го изгради култниот тематски парк во Калифорнија, чија премиера ќе биде на „Дизни плус“, стриминг-платформа на компанијата. Како што пишува „Дедлајн“, филмот – кој допрва треба да добие наслов – ќе го режира Дејвид Гордон Грин (Halloween Kills). Сценариото треба да го напише Еван Спилиотопулос („Убавицата и зверот“ и „Снежана и ловецот“). „Дизниленд“ – кој беше прогласен за најсреќно место на Земјата или Happiest Place On Earth – првпат беше отворен во 1955 година и тоа е единствениот парк изграден целосно под директен надзор на Волт, иако други следувааа на Флорида, во Париз и во целиот свет. Некои од саканите атракции на паркот оттогаш беа адаптирани за големото платно, вклучително и за „Пиратите од Карибите“, „Опседната палата“ и „Крстарење во џунглата“.



3 views

Comments


bottom of page