top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

„Дизни“ останува без 32.000 вработени во тематските паркови

10.12.2020 Декември Четврток

Компанијата „Дизни“ ја извести јавноста дека е принудена да отпушти близу 32.000 вработени затоа што тематските паркови зјаат празни низ светот, поради последиците од пандемијата на коронавирусот.

Во пријавата до Американската компанија за хартии од вредност, „Дизни“ откри дека илјадници негови вработени ќе добијат отказ во првата половина на 2021 година.

До почетокот на октомври „Дизни“ вработуваше 203.000 луѓе, а неговата глобална работна сила ја сочинуваа 80 отсто вработени и 20 проценти што работеле со скратено работно време. Повеќе од 100.000 од нив работеле во тематските паркови.

Неодамна компанијата извести дека загубила 2,4 милијарди долари од оперативниот приход во текот на четвртиот фискален квартал годинава, бидејќи приходите во овој сегмент паднале за 61 отсто.


4 views

Comments


bottom of page