„Дизни“ го претстави новиот изглед на Мини Маус, повеќе не носи фустан
„Дизни“ го претстави новиот изглед на Мини Маус. Имено, таа првпат ќе се „појави“ во јавноста без црвениот фустан, кој беше нејзин заштитен знак, и ќе облече костум.
Забавниот парк „Дизниленд“ во Париз објави дека на прославата за 30-годишнината од своето постоење, Мини ќе носи син костум дизајниран од модната дизајнерка Стела Макартни. Забавата ќе се одржи во март, кој е прогласен за месец на историјата на жената.
Мини отсекогаш имала посебно место во моето срце. Таа е автентична и ги инспирира луѓето во светот. Покрај тоа, има одличен стил. Нејзиниот нов изглед е приспособен на вредностите на модерното време – изјави Макартни.
Сепак, на некои луѓе не им се допадна промената во начинот на облекување.
„Браво, Дизни. Мини Маус ја претвори во Хилари Клинтон“, напиша еден корисник на Твитер. „Насилно промовирате модерни вредности. Ликот на Мини има речиси сто години. Сега повеќе личи на Мики“, пишува исто така во еден од коментарите.
Comments